Хрватската полиција претепала навивач на Полска – состојбата му е критична!

Полицијата имаше многу работа по натпреварот помеѓу селекциите на Хрватска и Полска (1-0) во Лигата на нации одигран пред неколку дена во Осиек, со оглед што беа приведени десетици луѓе поради конфронтации на две локации.

Од полските редови сега пристигнуваат информации дека еден нивни навивач е тешко повреден поради, како што тврдат, прекумерната употреба на сила од полицајците (види ТУКА). Полјаците тврдат дека нивните сонародници биле претепани со палки и солзавец, а еден од навивачите при полициската акција удрил во бетонот и се здобил со повреда на черепот. Оттаму додаваат дека дури по протестот, несреќниот навивач бил пренесен во болница.

Неговата состојба е сериозна, а следните денови ќе бидат клучна за неговото закрепнување, а се вели дека во опасност е и неговиот живот.