Ливерпул со пресврт го освои Милано, Реал Мадрид го скрши Штутгарт (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Милан имаше добар почеток против Ливерпул, но на крајот загуби со 1-3, додека Реал Мадрид славеше со 3-1 против Штутгарт.

Кристијан Пулишиќ по само три минути ја затресе мрежата на Алисон Бекер, но до крајот на првото полувреме Ливерпул со погодоците на Конате и Ван Дајк направи целосен пресврт.

Собослаи во вториот дел погоди уште еднаш во мрежата на „росонерите“ и ги постави конечните 3-1.

Сите голови во Мадрид беа постигнати во второто полувреме, и тоа најпрво Мбапе стрелаше за 1-0, а потоа Ундав израмни на 1-1 во 68. минута.

„Кралевите“ тргнаа по сите три бодови во продолжение од средбата, а преку Рудигер и Ендрик ги поставија конечните 3-1.

На последниот меч кој се играше вечерва Спортинг Лисабон славеше со 2-0 против Лил.