Навивачите во еуфорија: Артета го продолжи договорот со Арсенал

Шпанскиот стручњак Микел Артета ќе остане на клупата на Арсенал најмалку до 2027 година, тврдат британските медиуми.

Иако клубот се уште официјално не ја потврдил информацијата, лица од Арсенал изјавиле дека договорот е потпишан и дека наскоро и јавноста ќе биде известена за тоа. Оваа сезона е последна од претходниот договор на Артета, а новиот ќе биде со важност на уште две години.

Шпанецот е менаџер на Арсенал од 2019 година и под негово водство „топчиите“ освоија еден трофеј во ФА Купот (2020 година) и два во Суперкупот (2020 и 2023 година). Претходните две сезони Арсенал беше во тесна борба со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата, но не успеа да ја освои.