Депај ѝ се нуди на Рома!

Мемфис Депај се обидува да најде нов ангажман откако си замина од Атлетико Мадрид, Холанѓанецот сака да игра во Рома.

Според „Калчомеркато“, Депај неодамна се понудил на Рома, но и на одредени други европски клубови.

И покрај тоа што е без ангажман, наводно Депај тренира напорно со цел да остане во форма.

Холанѓанецот би можел да биде интересен за Рома доколку од Олимпико си замине Пауло Дибала.

Аргентинскиот фудбалер уште не донел одлука дали ќе остане или ќе си оди од римскиот клуб.