Роке го одби Спортинг, заминува од Барса, но останува во Шпанија!

Витор Роке дојде како големо засилување за Барселона, но не успеа да се снајде во каталонскиот клуб, па во новата сезона ќе настапува за Бетис.

Роке бираше помеѓу перманентен трансфер во Спортинг Лисабон или позајмица во Бетис. Бразилецот се одлучил за второто.

Се работи за чиста позајмица без опција за откуп.

Клубот од Севиља ќе му ја плаќа речиси целата плата додека игра за нив.