Комо продолжува со засилувањата: Доаѓа екс-капитенот на Барса и таленти од Реал и Сити

Новиот италијански прволигаш Комо продолжува да се засилува иако веќе почна сезоната во Серија А.

Тимот доживеа убедлив пораз од Јувентус со 0-3, но ионака немаше големи шанси против фаворитот, а не е исклучено во второто коло да влезе засилен. Клубот сериозно работи на нови засилувања откако претходно ги донесе Варан, Реина, Морено...

Следна цел на тренерот Цеск Фабрегас, кој е и ко-сопственик на клубот, се поранешниот капитен на Барселона, Серхи Роберто, како и талентите на Реал и Манчестер Сити, Нико Паз и Максимо Пероне. Роберто е слободен играч откако му истече договорот со Барса, а Паз и Пероне многу веројатно ќе дојдат на позајмица.