Атлетико Мадрид го потврди трансферот на Конор Галагер (ВИДЕО)

Конечно, Конор Галагер од Челси се пресели во Атлетико Мадрид, шпанскиот клуб го потпиша договорот со англискиот фудбалер.

Реализацијата на трансферот почна одамна, па застана, Атлетико Мадрид го брати Галагер во Челси откако сините не го реализираа потпишувањето со Омородион.

Во меѓувреме страстите кај двата клуба се смирија, па Галагер се врати во Мадрид и го потпиша договорот.

Атлетико Мадрид за Галагер ќе плати 42 милиони евра.

Галагер денеска веќе тренираше со Атлетико Мадрид.