Влезот за мечот меѓу Македонија и Грција е - бесплатен!

Одбојкарската федерација на Македонија, се реши на популарен чекор, ги отвора широка вратите за македонските навивачи за престојниот натпревар против Грција.

Во недела од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, Македонија игра важен меч против Грција од квалификациите за Европското првенство.

Со цел да дојдат што е можно повеќе навивачи и да се направи подобра атмосфера, Одбојкарската федерација на Македонија се реши влезот за овој натпревар за биде бесплатен.