Милан го договори Мората - ќе плати 13 милиони евра за трансферот!

Италијанскиот гигант Милан си договори напаѓач за новата сезона, а тоа е шпанскиот репрезентативец Алваро Мората кој доаѓа од редовите на Атлетико Мадрид.

„Росонерите“ се согласиле да платат 13 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула, а Мората ќе потпише четиригодишен договор со Милан.

Мората реши да ја напушти Шпанија, откако неодамна доби критики од јавноста, по што кажа дека повеќе го почитуваат во странство, отколку во татковината.

Шпанецот досега во кариерата играше за Реал Мадрид, Јувентус, Челси и Атлетико Мадрид.