Вардар подобар од Мура во првата контролка, капитенот Мицевски се врати на терените

Екипата на Вардар славеше победа во првиот подготвителен натпревар за новата сезона против екипата на Мура од Словенија со резултат 2:0.

Вардарци до победата стигнаа со по еден гол во двете полувремиња. Во првиот дел стрелаше Горјан Цветков, а по само четири минути игра во второто полувреме во листата на стрелци се запиша Давид Велковски.

За издвојување од овој натпревар е и враќањето на Дарко Мицевски на терените по паузата од неколку месеци поради повреда.

Вардар за два дена ќе одигра нов пријателски натпревар со екипата на НК Бистрица, додека на 20-ти црвено-црните ќе се сретнат и со НК Чарда Мартјанци, а потоа следат натпреварите со Динамо Загреб три дена подоцна и Свонси на 27. јули.