Дориан Бабунски се повреди: Ќе се вратам посилен!

Повремениот македонски репрезентативец, Дориан Бабунски објави дека е повреден и некое време ќе биде надвор од теренот.

Оваа сезона Бабунски настапи на два официјални меча за Грасхоперс во Швајцарија, но не беше дел од вчерашниот пријателски дуел со Баерн Минхен.

Причина за неговото отсуство е повреда. Бабунски преку социјалните мрежи ја објави веста и рече дека во наредниот период ќе паузира.

„За жал заработив повреда која ќе ме одалечи од теренот некое време. Уште еден предизвик во мојот живот, ќе се вратам посилен“, е дел од пораката на Бабунски.