Челси ја активира „бомбата“: Гарначо ќе потпише договор на седум години!

Светскиот клупски шампион Челси конечно се договори со големиот ривал Манчестер јунајтед за трансферот на аргентинскиот репрезентативец Алехандро Гарначо.

Гарначо ги договори личните услови со екипата од Лондон пред неколку недели и јасно ја покажа својата желба да го облече синиот дрес, иако имаше понуди од Саудиска Арабија, меѓутоа Аргентинецот не го прекрши дадениот збор.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Гарначо ќе потпише договор на седум години со „сините“, додека Челси за трансферот ќе плати 40 милиони фунти.

Гарначо играше за првиот тим на „црвените ѓаволи“ од 2022 година, но летово реши дека е време за нов предизвик во кариерата.

Фото: Facebook/Manchester United