Шкендија загуби по продолженија од Лудогорец и се сели во Конференциската лига (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Шкендија не успеа да ја зачува предноста од првиот меч против Лудогорец и загуби во реваншот во Разград со убедливи 1-4 во плејофот од Лига Европа.

Бугарскиот тим по само девет минути ја проби одбраната на тетовци преку Куртулус за 1-0, додека Чочев во 24. минута го зголеми водството на 2-0.

Надежта на Шкендија ја врати Тамба во 64. минута кога стрелаше за 1-2, со што обезбеди продолженија во Разград, меѓутоа македонскиот состав не успеа да направи изненадување.

Текпетеј во 98. минута го матира голманот на Шкендија за 3-1, додека Биле во 122. минута ја потврди победата на Лудогорец од убедливи 4-1.

Шкендија не успеа да го повтори успехот на Вардар од 2017 година и да стане вториот македонски тим кој играл во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА.

Резултати:

Сигма – Малме 0-2
Самсунспор – Панатинаикос 0-0
ПАОК – Риека 5-0
Динамо Киев – Макаби Тел Авив 1-0
Генк – Лех 1-2
Утрехт – Зрињски 0-0
Јанг Бојс – Слован Братислава 3-2

Фото: Facebook/KF Shkëndija