
Успешно завршен триатлон: Пејчиновски помина дури 106,8 километри (ВИДЕО)
Предизвикот почна со трчање на 42,2 километри, кои ги помина за седум часа и 47 минути, по што продолжи на велосипед и помина 42,2 километри за два часа и 32 минути, а на крајот пливаше дури девет часа и 29 минути за да помине 22,4 километри.
Младото момче го најави големиот предизвик уште пред неколку месеци, а денеска конечно си го оствари зацртаниот план и успешно стигна на целта.