
Падна договор: Елмас се враќа во Наполи!
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Наполи постигнал договор со Лајпциг и македонскиот фудбалер наскоро ќе биде промовиран како ново засилување за следната сезона.
Трансферот на Елмас се најавуваше со недели, меѓутоа досега немаше договор меѓу Наполи и Лајпциг.
Елмас играше за Наполи од 2019 до 2024 година, по што се пресели во Лајпциг од каде што потоа го испратија на позајмица во Торино.
Македонскиот фудбалер претходно со Наполи го освои Скудетото во 2023 година, а во новата сезона треба да биде важен член на екипата на тренерот Антонио Конте.