Неверојатно: Оваа сезона ќе го имаме најдолго патување во ЛШ - ќе се лета дури 13 часа!

Денеска беше одржана ждрепката во Лигата на шампиони (ЛШ), а првите натпревари се закажани за средината на септември, но интересно е тоа што оваа сезона ќе се случи најдолгото патување во историјата на елитното клупско натпреварување.

За тоа најмногу е „заслужен“ Кајрат Алмати, кој игра на стадион блиску до кинеската граница, а сега се падна со Спортинг Лисабон на ждребката и тоа ќе биде најдолгото патување, односно 6.900 километри.

Претходниот рекорд изнесуваше околу 6.164 километри, но оваа сезона ќе биде поставен нов рекорд, а летот од едната до другата точка ќе трае дури 13 часа.

Фото: Facebook/ФК Кайрат / FC Kairat