Фиорентина се спаси од срам, Џеко даде гол за победа!

Фудбалерите на Фиорентина успеаја да триумфираа против Полисиа Житомир од Украина со 3-2, а босанскиот фудбалер Един Џеко го постигна првенецот за тимот од Фиренца во Конференциската лига.

Украинскиот тим го изненади калчолигашот со головите на Назаренко и Андријевски до 14. минута од средбата, по што дојде само на еден гол негатива (пораз од 0-3 во првиот меч). сепак, Фиорентина во вториот дел се разигра и успеа да направи целосен пресврт.

Додо погоди во 78. минута, а потоа стрелаа Раниери во 86. минута и Един Џеко во самата завршница, со што стигна до првенецот во дресот на тимот од Фиренца.

Резултати:

Рајо Валјекано – Неман 4-0
Острава – Целје 0-2
Диферданж – Дрита 0-1
Брондби – Стразбур 2-3
Арда – Раков 1-2
АЕК – Андерлехт 2-0
АЗ Алкмар – Левски 4-1
Клуж – Хакен 1-0
Универзитатеа Крајова – Башакшехир 3-1
Бешикташ – Лозана 0-1
РФС – Хамрун 2-2
Рапид – Ѓер 2-0
Фредрикштад – Кристал Палас 0-0
Ноа – Олимпија Љубљана 3-2
Омонија – Волфсбергер 2-0

Фото: Facebook/ACF Fiorentina