Њукасл договори нов напаѓач за кој ќе плати 80 милиони евра!

Премиерлигашот Њукасл ова лето се поврзуваше со неколку напаѓачи, а на крајот реши да го договори Ник Волтемаде за кого ќе плати неверојатни 80 милиони евра.

Напаѓачот на Штутгарт веќе прифати трансфер во Њукасл, а во следните 24 часа треба да има медицински прегледи по кои ќе биде промовиран како ново засилување.

Њукасл ќе плати 80 милиони евра, но во договорот ќе има и одредени клаузули, објави новинарот Фабрицио Романо.

Германецот минатата сезона настапи на 33 меча за Штутгарт во сите натпреварувања, а притоа постигна 17 голови и три асистенции.

Фото: Facebook/Vfb Stutgart