Шаќири повеќе нема да игра за Швајцарија

Џердан Шаќири ќе ја напушти репрезентацијата на Швајцарија и во иднина нема да го носи националниот дрес.

Шаќири повлекувањето од репрезентацијата го потврди преку социјалните мрежи.

„Седум турнири, многу голови 14 години во репрезентацијата на Швајцарија и незаборавни моменти. Време е да се каже збогум. Одличните спомени остануваат и сакам да се заблагодарам на сите. Ви благодарам“, објави Шаќири.

Во кариерата Шаќири одигра 125 натпревари во кои постигна 32 гола и во изминатите години беше еден од најважните фудбалери.