Познато колку заработија Шпанците со освојувањето на ЕП

Репрезентацијата на Шпанија на перфектен начин стигна до титулата на Европското првенство со седум победи во исто толку натпревари, а тоа и донесе и максимална заработка од УЕФА.

Шпанците од УЕФА остварија заработка од 28.5 милиони евра и тие ќе завршат на сметката на Фудбалската Федерација на Шпанија. 

Пласманот на Европското првенство на секоја репрезентација и донесе 9.25 милиони евра, додека за трите победи во групата „Фуријата“ доби три милиони евра. Пласманот во осминафиналето и донесе 1.5 милони евра, додека четвртфиналето вредеше 2.5 милиони евра.

Победата во четвртфиналето им донесе уште четири милиони евра, а триумфот во финалнето против Германија осум милиони евра. Фудбалерите и стручниот штаб ќе поделат 40% од сумата, додека останатиот дел ќе оди во федерацијата.