Лацио се засили со фудбалер на Арсенал

Римски Лацио денес го претстави Нуно Тавареш за свој нов фудбалер.

Португалскиот лев бек од Арсенал пристигнува како позајмен играч, но се очекува неговиот договор и целосно да биде откупен по што ќе потпише договор до 2029 година.

Во редовите на Арсенал Тавареш пристигна пред три години Бенфика, но не ги исполни очекувањата за да се наметне сериозно кај Микел Артета.

Изминатите две сезони Португалецот ги помина на позајмици во Олимпик Марсеј и Нотингем Форест.