Куман: Дојдовме во Германија за да станеме европски шампиони!

Холандија синоќа ја елиминира Турција и обезбеди полуфинале против Англија на Европското првенство (ЕП), а селекторот Роналд Куман е задоволен од прикажаното на неговите избраници во изминатите дуели.

Куман кажа дека пристигнале во Германија за да станат европски шампиони, иако не се меѓу фаворитите на турнирот, а притоа посака да игра финале против Шпанија.

„Ние сме мала нација и затоа сме горди што ќе играме во полуфинале. Се мачевме против Турција, но победивме. Нè очекува тежок предизвик против Англија, но дојдовме во Германија за да го освоиме трофејот“, кажа Куман.

Холандија и Англија ќе се соочат на 10 јули од 21 часот, додека во другото полуфинале ќе се судрат Шпанија и Франција на 9 јули од 21 часот.