Бањаја најбрз во Германија, браќата Маркез завршија на подиум
Бањаја зад себе ги остави браќата Маркез, а посебно импресивен беше поранешниот шампион Марк кој од 13. место стигна до втората позиција, додека третото место беше резервирано за Алекс.
Италијанецот Бањаја е лидер во генералниот пласман со 222 бодови, по што следи Хорхе Мартин со 212 поени, додека трет е Марк Маркез со 166 освоени бодови во топ-3.
Возбудувањата во Мото ГП продолжуваат на 4 август со трката за Големата награда на Велика Британија.