Ѓоковиќ влезе во друштвото на најдобри сервери во историјата на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ вчера го победи Алесек Попирин со 3:1 во сетови итака се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, но во овој меч Ѓоковиќ успеа и да ја пробие границата од 1.000 ас сервиси на овој турнир.

Така Ѓоковиќ стана само шестиот тенисер во историјата на кого му успеало такво нешто.

Пред него до таков подциг стигнаа: Роџер Федерер, Горан Иванишевиќ, Пит Сампрас, Џон Изнер и Иво Карловиќ.

На овој начин Ѓоковиќ само уште еднаш докажа колку напредуваше неговиот сервис во текот на годините. Дефинитивно сега може и да се каже дека Новак високо котира на листата на најдобри сервери на сите времиња, иако сервисот никогаш не бил негов главен сегмент во играта.