Гакпо и Мален ја срушија Романија и обезбедија четвртфинале за Холандија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Холандија е претпоследниот четвртфиналист на Европското првенство откако денеска ја совлада Романија со 0:3.

Романија освен неколку полушанси во почетните минути денеска не направи скоро ништо друго. Холандија доминираше од почетокот до крајот.

Резултатот беше отворен по 20 минути игра кога Гакпо одлично се ослободи од своите чувари и го постигна својот трет гол на првенството. Имаше уште барем 2-3 добри прилики Холандија да постигне втор гол и до крајот на полувремето, но тоа не го направи.

По 20-тина минути игра во второто полувреме повторно Гакпо ја затресе мрежата, меѓутоа овој негов гол беше поништен поради недозволена позиција. 

На 2:0 зголеми Мален, но и во оваа ситуација Гакпо го заврши најголемиот дел од работата кога по еден соло продор го пронајде Мален во шеснаесетникот на кого му остана само да ја смести топката во мрежата. Фудбалерот на Борусија Дортмунд ги постави иконечните 3:0 со голот во завршницата.

Холандија во четвртфиналето ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Австрија и Турција вечерва.