Милионите од С. Арабија го мамат Инзаги: Закажан е итен состанок со Интер!

Интер доживеа дебакл (0-5) против ПСЖ во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а по загубената титула би можел да остане и без тренерот Симоне Инзаги кој има мега-понуда од Саудиска Арабија.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Инзаги закажал итен состанок со Интер по загубеното финале во ЛШ, а истиот се очекува да се одржи на почетокот на неделата за да се разговара за неговата иднина.

Ал Хилал веќе некое време врши притисок за да го добие Инзаги, а притоа му подготвил примамлива понуда на која италијанскиот стратег не може да одолее.

Инзаги ги тренира „нераѕурите“ од 2021 година, откако претходно пет години беше на кормилото на Лацио.

Фото: Facebook/Inter