
Флик ја реши голманската енигма - познато кој ќе биде прв чувар на голот на Барселона!
Шпанските медиуми објавија дека тренерот Ханси Флик ја решил ситуацијата со голманите во Барселона, па така прв чувар на мрежата ќе биде Хоан Гарсија кој треба да пристигне во гигантот од редовите на Еспањол.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Флик му ветил на Гарсија дека ќе биде прв голман и затоа талентираниот чувар на мрежата решил да потпише за Барселона, а тоа значи дека Марк-Андре Тер Штеген ќе треба да чека шанса од клупата.
Тер Штеген во меѓувреме објави дека нема намера да го напушти шпанскиот шампион, иако во тимот доаѓа нов талентиран голман.
Фото: Facebook/FC Barcelona