Расел „ни крив, ни должен“ победи на трката во Австрија (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел го освои првото место на трката за Големата награда на Австрија, иако на 10 круга пред крајот не беше ниту во конкуренција за такво нешто, но му помогна инцидентот меѓу Ландо Норис од Мекларен и Макс Ферстапен од ед Бул.

Норис и Ферстапен водеа голема борба во завршницата на трката, при што се судрија при еден обид на возачот на Мекларен да го помине актуелниот светски шампион во Формула 1.

Од судирот меѓу Норис и Ферстапен профитира Расел кој го презема првото место, а зад себе ги остави Оскар Пјастри од Мекларен и Карлос Саинц од Ферари.