Американска атлетичарка и самата не можеше да поверува дека собори светски рекорд (ВИДЕО)

Американската атлетичарка Сидни Меклафин-Леврон ноќеска го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки и тоа на националните олимписки квалификации во Јуџин, пренесува ЕСПН.

Таа патеката ја истрча за 50,65 секунди, со што обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз. Меклафин го собори сопствениот рекорд, поставен пред две години на Светското првенство во Јуџин (50,68 секунди).

Американката освои златни медали на 400 метри со пречки и со штафетата 4×100 метри на Игрите во Токио во 2021 година. Олимписките игри во Париз ќе се одржат годинава и тоа од 26 јули до 11 август.