НБА и Барса „извисија“: Хезоња уште долго ќе го носи дресот на Реал Мадрид!

Хрватскиот репрезентативец, Марио Хезоња, во следните пет години ќе го носи дресот на Реал Мадрид, што шпанскиот шампион денеска го потврди преку клупската веб-страница.

Неколку недели наназад се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата, по што сам се огласи на социјалните мрежи и порача дека ќе остане во белиот дрес, што сега и официјално е потврдено. „Кралевите“ објавија дека Хезоња ќе биде дел од тимот на Чус Матео најмалку до 2029 година, што е малку и изненадувачки со оглед што момчето од Дубровник кога ќе истече овој договор ќе има 34 години.

Со ова заврши драмата драмата околу одличниот кошаркар, кој беше поврзуван со различни тимови меѓу кои беа Партизан, Барселона, а во игра дури беше и враќање во НБА. Тој во моментов е со репрезентацијата на Хрватска, со која на турнирот во Атина ќе се обиде да се пласира на Олимписките игри, а прв противник денеска им е селекцијата на Словенија.