Не размислува за пензија: Шпанскиот ветеран ќе игра и на 40 години

Поранешниот шпански репрезентативец потпиша нов едногодишен договор со тимот на Овиедо, откако претходно три години помина во Ал Сад.

Искусниот Санти Казорла и понатаму не е спремен да означи крај на кариерата, па така и на 40 години ќе продолжи да ги брани боите на шпанскиот Овиедо.

Малку фалеше Казорла да го гледаме и во Ла Лига наредната сезона. Овиедо играше бараж против Еспањол и победи во првиот натпревар со 1:0, но по поразот од 2:0 во реваншот беше елиминиран.

Најголема трага остави во Виљареал, но одличен беше и во Арсенал каде што се задржа шест години од 2012 до 2016 година.