Селекторот на Аргентина суспендиран на еден меч – причината е бизарна!

Репрезентацијата на Аргентина ќе биде без селекторот Лионел Скалони на утрешниот меч против Перу, последен од групната фаза на Копа Америка, откако тој неочекувано доби суспензија од еден натпревар.

Причината е бизарна, а тоа е фактот што „гаучосите“ задоцниле со излегувањето од соблекувалната на полувремето на двата досегашни меча и тоа против Канада и Чиле. Канаѓаните и формално се пожалиле на овој пропуст, а според правилата вината за ваков прекршок ја сноси селекторот. Со оглед што грешката е повторена на две средби по ред, Скалони автоматски доби суспензија.

Аргентина како првопласирана во групата веќе се пласира во четврт-финалето на Копа Америка со оглед на победите на двете досегашни пресметки, па дуелот против Перу за нив ќе нема резултатско значење.