Тенисерите Хачанов и Самсонова одбиле да настапат на ЛОИ без знамето на Русија!

Руските тенисер(к)и, Карен Хачанов и Људмила Самсонова, одбиле да настапат на претстојните Олимписките игри во Париз (26 јули-11 август), соопшти денеска Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), а причина за тоа е што нема да смеат да ги имаат националните обележја и знамето на Русија крај своите имиња.

ИОК објави дека наместо нив ги поканила Павел Котов и Ана Калинскаја за да ѝ се приклучат на осумчлената руска тениска репрезентација, која ќе се натпреварува под неутрално знаме поради руската инвазија на Украина. Двајцата најдобри руски тенисери Даниил Медведев и Андреј Рубљев се уште не се изјасниле дали ќе учествуваат на Игрите под вакви услови

Досега поканите ги прифатиле Роман Сафиулин и Екатерина Александрова, соопштија од ИОК.