УЕФА отвори истрага против Албанецот Даку за пцуење на Србите и Македонците!

Албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, се соочува со суспензија од понатамошните средби на ЕП 2024, откако УЕФА денеска отвори истрага поврзана со неговото „недолично однесување“ по завршување на завчерашната средба против Хрватска (2-2).

Фудбалерот на Рубин Казан во еуфорија поради освоениот бод против големиот фаворит се дрзна со мегафон да поведе навивање, кое содржеше пцуење на Србите и на Македонците (види ТУКА)

Денеска со реакција излезе и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која го осуди однесувањето на Дака и од него побара извинување за целата македонска нација.