Уапсени татко и син кои го уценувале семејството Шумахер

Германското обвинителство објави дека во понеделник се уапсени татко и син кои минатиот месец го уценувале семејството на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер.

Осомничените се заканиле дека ќе објават приватни снимки од семејството на интернет доколку не им бидат исплатени неколку милиони евра, по што случајот бил пријавен во полиција.

Полицијата веднаш ги лоцирала криминалците и ги уапсила, а засега нивните имиња не се откриваат во јавност, иако беше објавено дека тие биле на условна казна поради друг случај.

„Доколку бидат обвинети, ги чека затворска казна до пет години“, објави германскиот обвинител Волф-Тилман Баумерт.