Донарума: Бевме ужасни на теренот, ова е неприфатливо!

Еден од најдобрите во редовите на Италија на Европското првенство (ЕП) беше Џанлуиџи Донарума кој денеска не успеа да ги запре расположените репрезентативци на Швајцарија.

Донарума прими два гола од Швајцарија и со тоа Италија го предаде европскиот трон и си замина дома по ужасниот настап во осминафиналето.

„Бевме ужасни на теренот, тоа е реалноста. Ова е неприфатливо, можеме само да им се извиниме на навивачите. Првото полувреме беше катастрофално, но тоа е реалноста која мора да ја прифатиме“, кажа Донарума.