Роналдо се закануваше, Шешко можеше да казни, но во Франкфурт гол не видовме (ВИДЕО)

По регуларните 90 минути во Франкфурт, Франција не го доби својот противник во четвртфиналето, Португалија и Словенија ќе играат продолженија.

Се закануваше Португалија од почетокот на натпреварот, меѓутоа не беа тоа некои големи прилики за погодок, најчести беа заканите на Кристијано Роналдо кој упати неколку удари. Шутираше Роналдо и од слободни удари, но или топката завршуваше директно во Облак или не беше прецизен.

Во последните моменти од натпреварот Роналдо ја имаше неговата најголема прилика, но и во таа ситуација поуспешен од него беше голманот на Словенија.

Словенија беше повлечена, но добро организирана и имаше јасна цел, Матијаж Кек одлично ја постави играта и не дозволи Португалија да биде опасна како што знае. Имаа и една голема прилика кога Бенџамин Шешко беше во дуел со Пепе, меѓутоа неговиот удар заврши покрај голот.