„Бомба“ во БиХ: Стеван Јоветиќ ќе игра во Бања Лука!?

Легендарниот црногорски фудбалер Стеван Јоветиќ е на чекор од потпис со Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина, тврди порталот „Klix.ba“.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Интер, Севиља, Монако, Фиорентина и Херта последниот ангажман го имаше во грчки Олимпијакос со кој ја освои Конференциската лига пред нешто повеќе од еден месец, а сега е пред трансфер во босанскиот фудбал.

Јоветиќ е слободен од 1. јули и е во потрага по нов ангажман. Според информациите на босанскиот портал тој се договорил клубот од Бања Лука и ќе биде најголемо засилување во летниот преоден рок. Сигурно и едно од најголемите имиња кои играле во босанскиот фудбал, без оглед на годините.

Договорот наводно е веќе постигна и останува уште официјализација.