Јамал денеска официјално ќе стане нова „десетка“ на Барселона

Три дена откако наполни 18 години, најголемиот талент, но и еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов Ламин Јамал официјално ќе стане прва ѕвезда на Барселона.

За денеска е најавено негова официјална промоција како носител на бројот 10 во каталонскиот клуб откако летово Барса го продаде досегашниот негов сопственик Ансу Фати. Со ова Јамал ќе влезе во друштво на некои од најголемите легенди на клубот, пред се Лионел Меси, но и Роналдињо, Марадона итн. кои во минатото ја носеа фамзната „десетка“.

Дресови со бројот 10 на Јамал веќе се продаваат во продавниците на Барселона по цена од 120 евра, но денеска официјално треба да биде објавено тоа и младиот Шпанец да позира со дресот кој ќе го носи претстојната сезона. Каталонските медиуми тврдат дека била планирана забава по овој повод, но поради контроверзите што ја проследија прославата на 18. роденден на Јамал, таа била откажана.