Не се откажува и на 43 години: Шпанскиот ветеран Дани Гуиза има нов клуб

Поранешниот шпански репрезентативец, Дани Гуиза продолжува да игра фудбал и на 43 години.

Овој шпански напаѓач се прослави кога селекторот Луис Арагонес како играч на Мајорка го повика на Европското првенство на кое дојде и до титулата. На тоа Европско првенство, Гуиза имаше и свој удел бидејќи постигна гол во полуфиналето против Русија и така се стекна со статус на национален херој.

Како 43-годишник денес Гуиза игра фудбал во пониските рангови на шпанскиот фудбал. Откако Кадиз пред неколку години беше негов последен посериозен клуб настапуваше во неколку клубови од пониските лиги, а денеска е претставен како нов член на шестолигашот Ротен.