Турците пукаа огномет над хотелот на Холандија (ВИДЕО)

Холандија и Турција вечерва од 21 часот ќе се борат за полуфинале на Европското првенство (ЕП) во Германија, а Холанѓаните минатата ноќ имаа непријатно изненадување.

Турските навивачи пукаа огномет над хотелот на Холандија во 2.23 часот по полноќ и така ги оставија ривалите без сон пред вечерашниот дуел.