Катастрофа за Акоста – Бањаја славеше во спринт-трката во Јапонија (ВИДЕО)
Тој го искористи падот на Педро Акоста и триумфира пред Енеа Бастианини и Марко Маркез. Акоста беше најдобар во квалификациите и дојде до пол-позиција пред спринтерската трка, но Бањаја брзо му ја презеде позицијата број еден. Шпанецот повторно нападна во свиокот број пет и одново се најде на чело на колоната. Во тие моменти, Бајндер се повлече поради технички проблеми, а два круга подоцна Такаки Накагами излета од патеката и ја заврши трката, а работите да бидат уште полоши, дојде и до контакт со тимскиот колега Жоан Зарко.
Зарко поради тоа беше казнет со долг круг, а како што спринтерската трка се ближеше кон крајот така Акоста создаваше поголема разлика, иако беше под притисок на возачот на Дукати. Шпанскиот возач не го издржа притисокот и во деветиот круг падна од мотоциклот и на тој начин му ја даде победата на Бањаја. Зад Бастианини и Маркез, пак, се најдоа Мартин, Морбидели, Диџанантонио, Милер, Бецеки, Алекс Маркез и Маверик Вињалес.