Некогашниот љубимец на Гробари потешко се повреди – ќе мора на операција!

Кошаркарот на Далас Маверикс и поранешна ѕвезда на Партизан, Данте Ексум, потешко се повреди и наскоро ќе мора да биде опериран, објавија утринава американските медиуми.

Станува збор за сериозна повреда на зглобот, која подолг период ќе го оддалечи од паркетот. Ова е тежок удар за „телињата“ од Тексас со оглед на тоа што Ексум е еден од најважните играчи на овој тим.

Тој дојде во Далас во 2023 година и тоа од тимот на Партизан, каде што настапуваше две години и каде што преку ноќ стана миленик на армијата црно-бели навивачи.