Уапсено уште едно лице кое го уценувало семејството Шумахер

Германската полиција го уапси и третиот осомничен кој се обидел да го уцени семејството на поранешниот возач и седумкратен шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.

Полицијата соопшти дека 52-годишен маж бил приведен во четвртокот во Вупертал, а истиот во минатото работел како обезбедување на семејството Шумахер.

На осомничениот му биле одземани мобилни телефони, компјутери и мемориски картички кои ќе се проверат во истрагата.

Германското обвинителство пред повеќе од една недела објави дека се упасени татко и син кои во мај го уценувале семејството Шумахер.