Фудбалерите на Грузија во Тбилиси дочекани како национални херои (ВИДЕО)

Фудбалерите на Грузија кои беа дебитанти на Европското првенство приредија огромен успех со пласманот во осминафиналето каде што Шпанија ги победи со 4:1.

Поразот од Шпанија не го расипа впечатокот кој оваа репрезентација го остави на турнирот. Победата против Португалија која беше нивна најголема во историјата уште долго ќе се памети.

Дека поразот не од Шпанија не ги разочара премногу покажуваат сцените од Тбилиси каде што фудбалерите беа пречекани како национални херои.