Нагелсман не може да се помири: Требаше да добиеме пенал против Шпанија!

Германија беше поразена од Шпанија со 1-2 во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), но се случи еден контроверзен момент во 105. минута кога Марк Кукуреља ненамерно играше со рака во казнениот простор.

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман смета дека судијата морал да покаже на белата точка, иако немало намера за игра со рака, а објасни и зошто тоа е исправна одлука.

„Кога некој би шутирал, а топката се движи надвор од рамките на голот, тогаш никогаш не би побарал пенал. Меѓутоа, кога имате ваква ситуација кога топката се движи кон голот на ривалот, а некој игра со рака и го смени правецот, тогаш тоа дефинитивно треба да биде удар од белата точка. Имаме 50 роботи кои ни носат кафе, па затоа мислам дека вештачката интелигенција треба да биде вклучена и да носи одлуки за пеналите“, кажа Нагелсман.

Германија стана првиот домаќин на ЕП кој бил елиминиран од турнирот во четвртфиналната фаза.