Динамо Загреб го врати својот најскап фудбалер во историјата

Maрко Пјаца кој е најскапиот фудбалер во историјата на Динамо по осум години се врати во Загреб.

Хрватскиот фудбалер во 2016 година направи трансфер во Јувентус за сума од 29.4 милиони евра и тоа е рекорд кој се уште ниту еден фудбалер на Динамо не го срушил.

Од Пјаца се очекуваше многу, но очекувањата никогаш не ги исполни, а влијание за таквата ситуација имаа и повредите.

Во последниот период во кој го носеше дресот на Ријека играше во добра форма и доби повик од Далиќ за Европското првенство на кое Хрватска беше елиминирана во групната фаза. Така го привлече и интересот на својот поранешен клуб.