Александар Петровиќ ќе проба прв да ја донесе титулата во Битола!
Станува збор за шампионски стратег со тимот на МЗТ Скопје, со кој дојде до трофејот во сезоната 2021/2022 година и тоа исто така наследувајќи го Радуловиќ на клупата За него ова е враќање меѓу зелено-белите каде што работеше во сезоната 2007/08. Петровиќ си замина од Аеродром во декември 2022 година, а оттогаш е без ангажман
Челниците на Пелистер, кој е вицешампион во последните три сезони, се надеваат дека во следното првенство конечно ќе дојдат до посакуваната цел - првата титула, а идентична амбиција имаат и за во Купот на Македонија. Битолчани ќе играат и во АБА2 лигата.