Се пофали првата тенисерка која ги зголеми градите: Одлично заработувам на „Онли Фенс“! (ФОТО)
Французинката го отвори профилот на „Онли Фенс“ кон крајот на 2025 година, откако потпиша соработка со платформата. На профилот објавува фотографии од приватниот живот и содржини поврзани со тенисот, но и „жешки“ фотографии кои не ги споделува на своите „нормални“ социјални мрежи.
„Уживам во социјалните мрежи, ми се допаѓа тоа, така што засега оди добро. Сè е супер. Вистината е дека оди многу добро, да не се лажеме. Многу сум задоволна“, изјави Французинката.

На прашањето за заработката, таа одговори многу директно:
„Заработувам многу добро“.
Доден притоа истакна дека дополнителниот приход многу ѝ значи бидејќи професионалниот тенис носи големи трошоци, особено за тенисерките кои не се во самиот врв на ВТА-листата. Французинката во 2025 година ги зголеми градите, по што отворено одговараше на прашањата на следбениците и медиумите.
„Никогаш немав премногу табуа“, изјави Доден, коментирајќи ја својата одлука дел од приватниот живот да го претвори во содржина достапна за претплатниците.

Сепак, особено ѝ здодеало постојано да одговара на прашањата за естетската интервенција.
„Напорно е. Ако од рамни гради стигнав до големи, тогаш сум имала операција, не сум ги одгледала со ѓубриво. Ви благодарам што ќе го запомните тоа и што нема да ме прашувате 5.000 пати дневно“, порача Доден.