Ѓоковиќ со пресврт по речиси три часа борба до четвртфинале во Пекинг! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер по голема борба во првиот сет успеа да направи пресврт и да го совлада Јунчокете Бу со 4-6, 7-6, 6-2, по речиси три часа игра.

Ѓоковиќ и понатаму не знае за пораз во Пекинг. На овој турнир настапил шестпати и во сите шест наврати ја освојувал титулата.  Сега, по првпат од 2015 година, повторно се врати во кинеската престолнина и веднаш обезбеди место во четвртфиналето.

Таму го очекува дуел против подобриот од пресметката меѓу Александер Зверев и Јунченг Шанг, која е на програмата во сабота.

Фото: ATP Tour